ХАКАТОН на тема „Младински идеи за одржливи градби”

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На 27.2.2026 година, во организација на IECE – Institute for Research in environment, Civil Engineering and Energy и Градежниот факултет од Скопје, се одржа првиот ХАКАТОН на тема „Младински идеи за одржливи градби”.  Нашите ученици,  за да добијат право на учество,   претходно завршија онлајн курс за циркуларна економија во градежништвото.

На хакатонот учествуваа три тима од нашето училиште, под менторство на професорката по Физика, Драгана Тевчева. Тимот составен од учениците: Андреј Цецев, Лука Шоптрајанов и Димитар Николов  од 3-1 клас, освои трета награда за својата брилијантна идеја, а учениците: Теодора Панова, Ива Илиевска и Бојана Мицевска од 3-2 клас, Матеј Ташев, Љубен Бојаџиев, Славен Бојаџиев и Дамјан Донев од 3-1 клас, иако со многу подобри идеи од останатите тимови, се здобија само со сертификати за учество.
На наградените ученици им честитаме за постигнатиот успех, а на сите останати ученици им посакуваме повеќе среќа на следниот хакатон.
Одговорен професор:
Драгана Тевчева

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den