Државен натпревар по хемија
На ден 18 мај 2019 година, се одржа Државниот натпревар по хемија, во организација на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, на Природно – математичкиот факултет во Скопје, на Институтот по хемија.
На натпреварот учествуваа тројца ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, натпреварувајќи се во две категории (I и II категорија). Учениците Филип Јованов од I-2 клас, Паола Кадиева од II-1 клас и Тамара Трајановска од II-5 клас. Нашите ученици постигнаа солидни резултати и беа пофалени на овој натпревар.
Им честитаме на учениците.
Ментор:
Марјан Стојановски