Посилни од тишината, посветли од силуетата!

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, на 6 март, а во организација на
Општина Велес, се изведе марш под мотото: Посилни од тишината, посветли од
силуетата! По маршот во Младинскиот парк се одржа настан посветен на
одбележувањето на празникот на жената. Во програмата учествуваа ученици од
сите средни училишта од градот, кои преку музика, уметност и пораки го истакнаа
значењето на жената во општеството.Учениците и од нашата Гимназија настапија
со музички точки и кратки сценски изведби. Нивните изведби беа проследени со
вниманието на присутните, кои имаа можност да почувствуваат дека младите
генерации не само што ги препознаваат вредностите што ги носи овој празник,
туку и активно ги промовираат. Во рамки на настанот беше поставена и ликовна
изложба со дела изработени од нашите ученици. Преку цртежи, бои и симболи,
младите културни уметници ја претставија жената како инспирација, сила и
двигател на општеството. Настанот покажа дека младите од Велес имаат силна
желба преку културата и уметноста да испраќаат пораки што повикуваат на
разбирање, почит и заедништво секој ден.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den