Меѓународниот ден на еден од најпрепознатливите ирационални симболи – бројот π (пи) познат како Лудолфов или Архимедова константа, број кој го претставува односот на обиколката на една кружница со нејзиниот пречник (дијаметар), се одбележа и во нашата Гимназија.
Преку различни активности, учениците на интересен и креативен начин го продлабочија своето знаење од областа на математиката, покажувајќи ја својата љубопитност кон математичките науки.






