На 14.3. 2026 година, се одржа државниот натпреварот по Филозофија во организација на Филозофското друштво на Македонија. Нашето училиште го претставуваа учениците: Сара Секуловска од IV -1 клас, Ина Јовановска од IV-4 клас и Викторија Панзова од IV-4 клас, кои постигнаа солидни резултати. На 28 март ќе се одржи и македонскиот квалификационен натпревар за учество на Меѓународната филозофска олимпијада (International Philosophy Olympiad) во Варшава, Полска. На овој натпревар нашата Гимназија ќе ја преставува ученичката Јана Пљокова од IV -1 клас. Учениците се подготвуваа под менторско водење на предметните наставници: Бошко Караџов и Пале Трпкова.






