Европскиот квиз за пари

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народна банка на Република Македонија, упати јавен повик до сите основни и средни училишта во државата за учество на учениците во меѓународниот натпревар – Европски квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години. Квизот се одвива во две фази. Првата фаза се националните натпревари во секоја земја, а втората фаза е европското финале, во кое ќе  учествуваат победниците на националните натпревари. На националните натпревари, што се одржаа на 16 март 2026 година, од нашата Гимназија учествуваа учениците од 1-2 клас: Вања Крстовска, Лилиа Поцкова, Марко Коруновски и Марко Ристов, кои се подготвуваа под менторство на професорката Весна Павлова. Со оглед на големиот број на учесници и силната конкуренција, нашите ученици постигнаа солидни резултати.
Упатуваме искрена благодарност за учеството, посветеноста и вложенио труд  на учениците во рамките на Европскиот квиз за пари.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den