СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИТЕ НА МАТУРАНТИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2022/2026 ГОДИНА

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Генерацијата матуранти 2022/2026 година при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес го заврши своето четиригодишно образование. По тој повод на 14.08.2026 година во кафе-бар „Пиано” на свечен начин им се доделија дипломите.
Директорот на училиштето, Илија Попов упати поздравен говор кон нашите матуранти.
Оваа свечена пригода беше соодветна да им се доделат признанија и на најдобрите ученици – првенци.
За првенец на прва година е прогласена ученичката Aна Митровска од 1-2 клас. Во генерацијата на втора година како најдобри беа прогласени ученичката Лана Басаров од II-1 клас и ученикот Андреј Бошковски од II-2 клас. Од трета година со епитетот најдобра се здоби ученичката Бојана Мицевска од III-2 клас. Во генерацијата матуранти кои оваа година го завршија своето образование како најдобар се истакна ученикот Тодор Пљаков од IV-2 клас.
Посебна чест ни претставуваше да го прогласиме првенецот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.Честа да биде прогласен за најдобар меѓу најдобрите му припадна на ученикот Кристијан Мартинов од IV-3 клас.
Оваа година на ученичките Јана Пљокова од IV-1 клас, Изабела Жабева од IV-2 клас и Ива Ракиџиева од IV-4 клас за нивната посветеност, особен придонес за промоција и активна вклученост во претставување на училиштето им беше доделено почесно признание.
Честитки до сите наши матуранти!
Им посакуваме среќа, успех и светла иднина !
Со желба ова да не биде збогување, туку само едно убаво „до следната средба”.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den