По повод Европската недела на мобилност, денес во Европската куќа во Велес, ученици од Гимназијата присуствуваа на презентација на тема „Безбедноста во сообраќајот“, подготвена од страна на претставници од СВР Велес. Учениците имаа можност да се запознаат со основните правила и прописи важни за безбедноста на учесниците во сообраќајот, како и со факторите кои придонесуваат за собраќајните незгоди. Преку примери, претставниците од СВР Велес укажаа и на последиците како резултат на непочитување на собраќајните правила.
Учениците искажаа задоволство од одржаната средба, затоа што се запознаа и добија насоки за значењето на нивната безбедност и безбедноста на другите во
сообраќајот.







