ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПРВА ПОМОШ

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПРВА ПОМОШ

Тимот на Гимназија „Кочо Рацин“ од Велес, кој победи на Општинскиот натпревар по прва помош, на 21 септември 2019 година, учествуваше на Државниот натпревар кој се одржа во Битола. Во конкуренција на 28 тима од исто толку градови од државата, нашите гимназијалци го освоија 13. место.

Оваа година членови на тимот по прва помош беа: Давор Давчевски, Филип Трајановиќ, Ива Донева, Теодор Левков, Андреј Делиманчев и Марија Николова, под менторство на професор Елизабета Николовска.

На Државниот натпревар во Битола, кој се одржа по две траектории од по седум пунктови, од Црвен крст на Република Македонија, Општинска организација Велес, учествуваа и: д-р Кевица Шопова-Клифова како судија и Тања Јаковлевска како шминкер за повреди.

Одговорен професор:
Елизабета Николовска

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den