ОБУКА ОД ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС+ ВО БЕРЛИН – ГЕРМАНИЈА „Project Based Learning in the Classroom: Setup, Integration and Reflection“ – Berlin

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ОБУКА ОД ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС+ ВО БЕРЛИН – ГЕРМАНИЈА „Project Based Learning in the Classroom: Setup, Integration and Reflection“ – Berlin

Во рамките на проектот „Еразмус +“, во периодот од 13 до 18 јануари, во Берлин – Германија, во Центарот за обука „Карл Дуизберг“, се одржа обука на тема: „Учење засновано на проекти во училницата: поставување, интеграција и рефлексија“ („Project Based Learning in the Classroom: Setup, Integration and Reflection“ – Berlin).

Од нашето училиште учествуваа наставниците: Ангелина Додов и Весна Павлова, заедно со наставници од Италија.

Преку следење на курсот, наставниците имаа можност да стекнат знаења за учење засновано на проекти (PBL) и како тие можат да ја интегрираат оваа тема во нивните лекции и училишните програми со користење на најновите техники и алатки за менаџирање во училница.

Во овој ангажман и практичен курс, учесниците се стекнаа со разбирање за тоа што е учењето засновано на проект, кои алатки се најдобри за интегрирање на PBL во училишните проекти, како да ги следат и оценуваат учениците кои ги користат PBL-алатките.

Покрај стекнување нови знаења, имавме можност да ги споделиме и нашите искуства од учењето засновано на проекти со нашите ученици во Гимназијата, што предизвика големо задоволство кај инструкторот на проектот, Ада Ригаци и останатите учесници на обуката.

Како дел од активностите планирани во рамките на обуката, со туристички водич, беа и посетите на културно-историските знаменитости на Берлин: цркви, парламентот, Брандербуршката порта, Источната галерија, Гробниците на Евреите, Градската кула.

Последниот работен ден, повторно со туристички водич, го посетивме Потсдам, град оддалечен околу 25 километри од Берлин. Најпозната знаменитост на Потсдам е Паркот Сансуси кој поседува ботаничка градина и многу други прекрасни градби: дворецот Сансуси, Оранжерискиот дворец, Новиот дворец и Римските бањи.

Поминавме прекрасни денови во стекнување на нови пријателства, работа, дружење, прошетки,и споделување на разни животни искуства.

Одговорни професори:Ангелина Додов и Весна Павлова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den