По повод Светскиот ден на менталното здравје, на 8.10.2026 година, во Европската куќа во Велес, средношколците преку интерактивната игра „Spectrum of Impact“ ги истражуваа различните улоги во ситуации на врсничко насилство.
Со водство на Алтера Когниција, учениците од прва година од нашето училиште, ги менуваа улогите, ги преиспитуваа своите реакции и разговараа за влијанието што го имаат постапките на секој поединец, вклучително и оние што се сведоци на булинг.
Преку играта, отворија важни прашања за емпатијата, одговорноста и изборите што можат да направат разлика во секојдневните ситуации. Сепак, за да разбереме како се чувствува некој друг, треба да ја погледнеме ситуацијата од неговата перспектива.
Одговорен професор, Елизабета Николовска
Одговорен професор, Елизабета Николовска


