Денес во нашето училиште се реализираше традиционалната есенска крводарителска акција, која уште еднаш ја потврди хуманоста, солидарноста и подготвеноста да се помогне таму каде што е најпотребно.
На акцијата крв даруваа 23 хумани ученици, наставници, раководствотo и техничката служба, од кои дури 17 за првпат се приклучија на големото семејство на крводарителите. Овој податок особено не радува, бидејќи покажува дека свеста за значењето на крводарувањето и хуманоста продолжува да се пренесува и поттикнува кај новите генерации.
Упатуваме искрена благодарност до сите крводарители за нивната благородност, несебичност и хуман гест. Благодарност и до сите кои придонесоа за успешната реализација на акцијата.
Дарувај крв, спаси живот! 

#Bethereasonforsomeone’ sheartbeat


