Учениците од ликовниот клуб при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, под менторство на професорката Јулијана Михова, ја посетија изложбата на Амер Хаџиќ. Хаџиќ создава препознатлив ликовен јазик во кој реалното и симболичното се преплетуваат. Особено внимание привлекува неговиот колористички пристап. Непосредната средба со уметничките дела на Хаџиќ, на учениците им овозможи да ги збогатат своите ликовни искуства и да пронајдат инспирација за сопственото творештво.



