
Заедно за позелен и поубав училиштен двор!
На 28.10.2026 година, во дворот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, се реализираше акција за засадување дрвја и разубавување на училиштниот простор.
Во акцијата активно се вклучија Екоодборот, учениците, професорите и техничкиот персонал, кои со заеднички труд придонесоа за создавање позелена, поубава и попријатна училишна средина.
Оваа активност претставува продолжување и дополнување на активностите за реконструкција и уредување на училиштниот двор, кои се реализираа во изминатиот период, со цел целосно обновување и разубавување на просторот.
Со ваквите активности не само што го разубавуваме нашето училиште, туку кај учениците ја поттикнуваме и свеста за заштита на животната средина, одговорноста и грижата за заедничкиот простор.
Заедно создаваме поубава Гимназија за сегашните и идните генерации!



