5-ти Декември, Меѓународниот Ден на волонтерството

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

По повод одбележувањето на 5-ти Декември, Меѓународниот Ден на
волонтерството, ученици од училишната заедница  учествуваа на интерактивна
панел дискусија на тема „Можности за волонтирање преку програмите на
Меѓународните организации”. На истата присуствуваа ученици од општинските
средни училишта од градот (претставници на ученичките заедници), претставници
на Локалниот младински совет од Општина Велес, волонтери од Младинскиот
центар во Велес, како и претставници на младинските клубови на Здруженијата на
граѓани од Велес.
Присутните ги поздрави Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, а со
свое обраќање се претставија волонтери кои волонтираат во Велес преку
Програмите на меѓународните организации: Програма за волонтери на
Обединетите нации (УНВ) и на Мировниот корпус. Тие ги претставија нивните
проекти, како и целите на Програмите преку кои ги реализираат нивните
волонтерски активности. Преку повеќе примери ја истакнаа важноста на
волонтерството кое помага во градењето на сплотени, инклузивни и поврзани
општествени заедници, но и придонесува во стекнувањето и зацврстувањето на
довербата помеѓу сограѓаните и целните групи на лица со кои се работи.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: