Наставникот од нашето училиште Зоран Јованов, со трудот „OUTDOOR CAMP FOR
HIGH SCHOOL STUDENTS AS A WAY FOR PROMOTING PHYSICAL ACTIVITY AND
OUTDOOR AWARENESS“, учествуваше на 16. Меѓународна Научна Конференција –
„Современи тенденции во физичкото образование и спортот”, во организација на
Софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски” – Департмент по Спорт, која се одржа
во ректоратот на универзитетот. Презентираниот труд, ако биде селектиран, ќе се
објави во некое од меѓународните списанија со импакт фактор: Journal Research in
Kinesiology, cited in EBSCO, Activities in Physical Education and Sport, cited in EBSCO, a
special edition of the journal “Strategy for Policy in Science and Education” by the “Az-buki”
national publishing house for Education and Science. The journal is listed and indexed on
the Web of Science. Конференцијата беше можност за размена на искуства, добри
практики и идеи, со колеги и професори од повеќе универзитети во Р.Бугарија и
Р.Хрватска, како и промоција на училиштето и колегата во меѓународни рамки.