Државен натпревар по Англиски јазик

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На 11 мај 2024 година, во Гимназијата ,,Никола Карев" во Скопје се одржа државниот
натпревар по Англиски јазик за учениците од средните училишта во нашата држава.
Нашите ученици покажаа одлични резултати и сите кои се натпреваруваа (од прва до
трета година) освоија награди. Станува збор за следниве ученици:
– прва година:
1. Ања Трајковска од 1-1 клас, II награда
2. Марија Станинова од 1-2 клас, II награда
– втора година:
1. Кристијан Мартинов од 2-3 клас, II награда
2. Христијан Трајковски од 2-2 клас, II награда
– трета година:
1. Лилјана Филипова oд 3-2 клас, I награда
2. Зоран Шкортов од 3-4 клас, III награда
Честитки до учениците и нивните ментори Соња Трајчева и Христина Леова и секако, им
посакуваме уште многу успеси на идни натпревари.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den