На 30 март 2024 година, на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа
67. државен натпревар по Математика за учениците од средните училишта.
На натпреварот од нашето училиште учествуваа учениците:Викторија Панзова, Елена
Коцева од II-4 клас и Димитар Трајчевски од III-1 клас.
Ученичките Викторија Панзова и Елена Коцева постигнаа солидни резултати, а ученикот
Димитар Трајчевски се здоби со трета награда.
Честитки за постигнатиот успех на учениците!