ЕКО-АКЦИЈА
Во рамките на активностите предвидени од Средношколската заедница на Гимназијата, во соработка со Еко-одборот, на 28 ноември 2019 година, беше реализирана акција за собирање на отпадот околу училишната зграда.
Во акцијата учествуваа учениците од прва и втора година, тимот на Средношколската заедница, директорот на училиштето и професорите од Еко-одборот.
Во иднина се планираат еко-акции од различен тип. Се надеваме дека на овој начин ќе придонесеме за подигнување на свеста за чиста и здрава животна средина кај учениците од Гимназијата и пошироката локална заедница.
Еко-одбор и Средношколска заедница