Екскурзија на учениците од четврта година

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email
Во периодот од 2.10 до 7.10.2023 година се реализираше шестдневната екскурзија за учениците од четврта година нa релација Велес – Белград – Будимпешта – Виена – Венеција – Верона – Лидо Ди Јесоло – Велес.
Прва дестинација која ја посетија учениците беше градот Белград со прошетка низ улицата Кнез Михаилова, едно од најстарите и највредните знаменитости на Белград и тврдината Калемегдан. Патувaњето продолжи кон Будимпешта со разглед на градот: Плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитедалата, црквите Св.Матејас, Св.Стефан и Мостовите на Дунав. Прошетката низ Бидимпешта заврши со ноќно крстарење по реката Дунав.
Во претпладневните часови учениците пристигнаа во Виена и пристапија кон разглед на градот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Градската палата, Дворците Белведере, Шенбурн, Катедралата Св.Стефан. Вечерта во Виена учениците го посетија забавниот парк Пратер и во полноќните часови се упатија кон Верона.
Знаменитостите кои ги посетија во Верона се: Арената, Плоштадот Данте, Куќта на Јулија. Патувањето со брод учениците ги направи уште повозбудени поради пристигнувањето во Венеција и разгледувањето на плоштадот, цркавта Свети Марко, Дуждевата палата, Мостот на воздишките, Мостот Риалто и Каналот Гранде. Наредниот ден задоволни, среќни и возбудени се упативме кон родната земја.
Екскурзијата се реализираше според претходно планирана програма. Поставените воспитни и научни цели, беа во целост реализирани. Учениците беа одговорни и исполнителни, па затоа сето тоа резултираше до реализирање на екскурзијата која кај учениците и класните раководители остави пријатни и незаборавни сеќавања.
Драги наши ученици, во иднина Ви посакуваме уште многу вакви интересни и возбудливи патувања.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den