ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ ЈА ПОКАЖАА СВОЈАТА ХУМАНОСТ!

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Училишната заедница, при СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, организираше Донаторска акција под мотото: „Вашата донација, некому значи“, кон која се придружи Inner Wheel Club Veles – District 255 и Наставничкиот совет на училиштето.

Нашите ученици од прва, втора и учениците од трета година кои го изучуваат јазично – уметничко подрачје група Б, под менторство на предметниот наставник по ликовна уметност, Јулијана Михова, изработија прекрасни изработки со новогодишни мотиви, кои беа изложени на продажниот штанд во холот на Гимназијата. Собраните средства од Донаторската акција ќе бидат донирани на ученик со посебни образовни потреби.

Голема благодарност до Inner Wheel Club Veles – District 255, Наставничкиот совет на училиштетo и учениците кои земаа учество во овој настан, а посебна благодарност за учениците кои беа ангажирани при реализирање на истиот:Андреј Божиновски, Изабела Жабева, Марија Манева,Деспина Стојанова, Анамарија Костовска и Марија Спасеска.

Училишна заедница при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den