На 28 април 2025 година, се одржаа Регионалните натпревари по Музичка уметност во категоријата вокални интерпретатори на кои учествуваа четири ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин Велес“. Учениците се закитија со три први и едно второ место. Ученичките: Анастасија Крлева од 3-3 клас со освоени 99.33 поени, Кристина Станишева од 2-1 клас со освоени 99.33 поени и Ива Ракиџиева од 3-4 клас со освоени 96 поени во категорија вокална интерпретација го освоија првото место, а ученикот Филип Настов од 4-4 клас, со освоени 87 поени го освои второто место.
Според резултатите на жири комисијата при Здружението на Музички педагози на Република Македонија, прворангираните ученици на Регионалните натпревари учествуваа и на Државните натпревари по Музичка уметност во категоријата вокални интерпретатори кои се одржаа на 5 мај 2025 година на Славјанскиот универзитет во Свети Николе. Ученичките: Ива Ракиџиева со освоени 88 поени, Анастасија Крлева со освоени 86 поени и Кристина Станишева со освоени 86 поени, го освоија второто место.Честитки до нашите ученици кои во рамките на регионалните и државните натпреварувања покажаа високи резултати и освоија значајни места од областа на модерната вокална класична музика и популарните стилови и жанрови на XX и XXI век.
Одговорен професор: Атанас Зафиров