Kрводарителска акција

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Гимназијата во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Велес и
Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, по повод Патрониот празник на училиштето,
традиционално организираа крводарителска акција, која се одржа во нашето
училиште на 10 декември 2024 година. На истата својата крв ја даруваа
дваесет и шест ученици, професори и дел од техничкиот персонал. Поголем дел
од учениците даруваа првпат и официјално станаа крводарители и се вброија во
најхуманата заедница. Учениците и професорите уште еднаш ја покажаа својата
хуманост да ја даруваат својата крв и да спасат нечиј живот. Благодарност до
сите учесници во оваа акција која продолжува со својата традиција.
Мотиватори: Зоран Јованов, Елизабета Николовска

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den