Mеѓународен семинар за тестирање на иновативна спортска програма

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На покана од Федерацијата на Спортските педагози на Република Македонија, од 27
до 29.9.2024 година во Охрид се реализира меѓународен семинар за тестирање на
иновативна спортска програма. Цели на програмата беа презентирање на техники и
методи за подобрување на менталното, физичкото и когнитивното здравје кај
адолесцентите. Педесетина ученици и наставници од неколку градови од Македонија
имаа можност да следат предавања од врвни предавачи од Универзитетот „Демостен“
од Тракија – Грција, „Цеипес“ од Палермо – Италија, Универзитетот „Гоце Делчев“ –
Република Македонија и спортското здружение „Спортна Европа“ од Софија, Бугарија.
Активни учесници на овој семинар од нашето училиште беа учениците Кристијан
Мартинов, Петар Митревски, Славјанка Андреева и Петар Коруновски, директорот
Илија Попов и професорките Билјана Миланова и Благица Аризанова Шопов.
Учесниците остварија одлична интеракција помеѓу себе и се стекнаа со нови знаења
за важноста на различните видови на физичка активност во функција на подобра
благосостојба на телото и умот.
Координатор на целокупниот процес и еден од практичните предавачи беше
професорот Зоран Јованов.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den