Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во рамките на активностите на Институтот за Македонски јазик „Крсте Мисирков“, а во
соработка со Националната установа Ј.Х.К Џинот – Велес на 6.12.2023 година, на малата сцена, се
одржа трибина за ,,Mакедонскиот јазик во наставата”. Трибината е во рамките на проектот
,,Mисирков отпосле“ реализирана со цел да се одбележи јубилејот 120 години од излегувањето
на значајниот историски и филолошки текст „За Македонцките работи“ од Крсте Петков
Мисирков.
На трибината присуствуваа ученици од Гимназијата од прва до четврта година членови на
Дебатниот клуб, Новинарски клуб и членови на проектната активност Литературни клубови и
драмски секции, под менторство на професор Весна Павлова.
Во име на Организацискиот одбор присутните ги поздрави претседателот проф. д-р
Веселинка Лаброска. Поздравни обраќања упатија и проф. д-р Елена Јованова-Грујовска,
директорка на Инситутот, д-р Сашо Димоски, директор на Театарот Ј.Х.К.Џинот. Програмата
започна со излагање на проф. д-р Снежана Петрова – Џамбазова која не воведе во приказната
преку познати мисли од наши писатели за значењето на мајчиниот јазик.
Понатаму, проф.Соња Карбева подетално навлезе во проблематиката и потребата за
реформи на наставните планови и програми, особено во гимназиското реформирано
образование, поради големиот расчекор од дваесет и три години од последните измени и
потребата од осовременување на истите.
М-р Мариче Стојановска се фокусираше на тоа дека образовниот процес е и воспитен и
етички чин и сподели како таа ги реализира своите часови.
М-р Македонка Додевска ги истакна сите предизвици од своето работно искуство во
наставата по Македонски јазик.
М-р Антоанета Тримчевиќ посочи на фактот дека нејзината професија има примарна,
благородна, но и одговорна улога и не запозна со дел од остварените успеси постигнати заедно со
нејзините ученици.
М-р Александра Гецовска образложи од каде потекнува зборот образование – образ и
просветата – просветлување и прочита дел од т.н импровизиран дневник од интересни случки со
учениците.
М-р Мирјана Вељановска -Томовска сугерираше на тоа дека во изучувањето на
македонскиот јазик клучен фактор е и околината. Таа укажа на фактот дека, почнувајќи од
одделенската настава, па се до средното образование, познавањето на мајчиниот јазик е
двигател на нашата писменост.
Трибината, со свое обраќање, ја затвори м-р Филип Белчев, кој упати порака која не треба
да ја заборавиме, а тоа е дека јазикот се менува, но дека секогаш треба да останеме верни на
аманетот на Конески и да настојуваме да употребуваме зборови кои се во духот на нашиот јазик.
Во продолжение учениците ја проследија тетарската претстава „Мисирков отпосле“ инспирирана
од животниот и творечкиот пат на Крсте Петков Мисирков.Учениците на претставата присуствуваа
под менторство на професорите Зоран Јованов, Милка Петровски и Жанет Јанев-Сарагиновски.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den