СОУ „ГИМНАЗИЈА КОЧО РАЦИН“ – НАЈДОБРО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО ОБЛАСТА НА СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО 2018 ГОДИНА

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

СОУ „ГИМНАЗИЈА КОЧО РАЦИН“ – НАЈДОБРО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО ОБЛАСТА НА СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО 2018 ГОДИНА

На манифестацијата Избор за најдобар спортист за 2018 година, во организација на Сојузот на спортови на Општина Велес, нашето училиште беше прогласено за најдобро средно училиште во областа на спортот во Општина Велес за 2018 година, уште една потврда дека сме најдобри.

1

 

Во изминатата 2018 година, во организација на Федерацијата на училишен спорт во Македонија, се одржаа повеќе спортски натпревари на општинско, зонско, регионално и државно ниво, а тимовите од нашето училиште се закитија со голем број освоени награди. Наградата за најуспешно спортско училиште се должи на освоеното прво и второ место на државно ниво во фудбал за ученички и ученици и петтото место во одбојка за ученички, како и многу први места на регионални, зонски и општински натпревари.

Талентот на учениците и ученичките, напорната работа за време на тренинзите, поттикот и мотивацијата што ја добиваат од професорите по спорт и спортски активности, придонесоа да се постигнат овие резултати.

Со огромно задоволство може се каже дека нашето училиште заслужено го носи епитетот најдобро средно училиште во областа на спортот во градот и пошироко.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den