Амбасадорот на САД, г-дин Џес Л. Бејли, во посета на Гимназијата
Во рамките на едукативната Access програма за креативно учење на англиски јазик,а под покровителство на амбасадата на САД во Република Македонија, учениците од нашата Гимназија, на 6 октомври 2016 година имаа можност да бидат домаќини на господинот ЏесЛ. Бејли, Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.
{besps}stories/ucebna2016_2017/Ambasadorot_na_usa/sliki{/besps}
Амбасадорот во улога на наставник одржа интересно предавање за претседателскиот изборен модел во САД. Нашите ученици, не само што покажаа висок степен на познавање на историјата и политичкиот систем на САД, туку, во делот за прашања и одговори, поставија интересни, проникливи и суштински прашања. Амбасадорот изрази воодушевување и задоволство од едукативната средба со нашите ученици. Овој вид на образовни настани, од една страна ја предочи потребата и значењето на неформалните едукативни иницијативи, но, уште повеќе, покажа дека Гимназијата има ученици со кои може да се гордее.
Подготвено од : Ангелина Додов и Соња Карбева