Божиќна програма

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Божиќна програма

На 27.12.2016 година во салата Бели Мугри во Велес,се одржа традиционалната Божикна програма која секоја година со години наназад се подготвува и презентира истата.

{besps}stories/ucebna2016_2017/bozikna_programa/sliki{/besps}

 

Овој пат англиската Божикна програма претставуваше вистински празник на изучувањето на англискиот јазик во нашиот град и околината , во скоро сите предучилишни ,основни и средни училишта и тоа, Мери Попинс скул, Смарт кидс скул, ОУ Св. Кирил и Методиј,ОУ-Блаже Конески,ОУ-Васил Главинов,ОУ-Мелница,ОССУ-Коле Неделковски, ОССУ-Јовче Тесличков и СОУ –Гимназија Кочо Рацин.

Во чест на особено значајниот јубилеј -30 години од работата во Гимназијата Кочо Рацин на професорката Мимпоза Костоска, скоро сите нејзини поранешни ученички а денес нејзини колешки, настапија со свои ученици и свои автентични божикни изведби од поезија и песни, збогатувајќи ја програмата и презентирајќи го англискиот јазик.

Секако и учениците од Гимназијата настапија со свои избрани поеми,песни и скечови со што дадоа свој допринос во одбележувањето на овој редок јубилеј.Презентери на програмата беа ученикот од 4-6 клас Кристијан Јорданов и Сара Таратакова од втора година.

 

Одговорен професор: Мимоза Костоска

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den