ДАВОР ДАВЧЕВСКИ – НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СРЕДНОШКОЛСКАТА ЗАЕДНИЦА

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ДАВОР ДАВЧЕВСКИ – НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СРЕДНОШКОЛСКАТА ЗАЕДНИЦА

На 19. Ноември 2018 година, во рамките на училиштето беше одржано гласање од страна на учениците за избор на нов претседател на Средношколската заедница. Класните заедници на трета година ги номинираа учениците-кандидати: Тоше Димов и Давор Давчевски.

1

 

Кандидатите заедно со нивните тимови во текот на наставната недела пред гимназијалците ги презентираа своите програми, планови и идеи за работа на Средношколската заедници. Врз основа на резултатите од гласањето, Комисијата која го спроведуваше изборот за претседател констатираше дека за претседател на средношколската заедница при СОУ Гимназија “Кочо Рацин” – Велес е избран ученикот Давор Давчевски.

 

Давор Давчевски е одличен ученик од III-2 клас и досегашен активен учесник во работата на Средношколската заедница.

 

Одговорeн професор, д-р Бошко Караџов

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den