ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА
По повод Патрониот празник на училиштето и јубилејот 165 години гимназиското образование во Велес, беше одржана едуктивната работилница „Дигитален музеј: Виртуелна прошетка низ архивскта граѓа на фондот Кочо Рацин“.
На истата, учениците од прва година имаа можност да ги проследат оргиналните фотографии, работните белешки, дописните картички, изворните документи, книжевно-поетските ракописи и други архивско-историски материјали поврзани со Кочо Рацин (1908-1943) – патронот на Гимназијата и основоположникот на современата македонска литература.
Едукативната работилница ја подготви и реализираше проф. д-р Бошко Караџов.