Едукативно предавање за вработените во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Едукативно предавање за вработените во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес

Во рамките на неделата на борба против шеќерната болест, а во соработка со општинската организација на Црвен крст – Велес, се одржа едукативно предавање за вработените во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.

{besps}stories/ucebna2018_2019/seker/sliki{/besps}

 

Предавањето го одржа доктор Горан Богатинов, активист на општинската организација на Црвен крст на Велес, специјализант по интерна медицина.

Преку соодветна визуелна презентација и исклучително успешно предавање, др. Богатинов на вработените им укажа на важната улога на превенција на појава на шеќерната болест и одговорниот пристап на веќе заболените лица кон успешна терапија и диететски режим за одржување на добрата општа здравствена состојба на болниот.

Покрај тоа, дел од предавањето беше посветено на појавата на болестите на тироидната жлезда кои исто така значително влијаат на квалитетот на животот на болниот, нивна превенција и лекување.

Организатор на предавањњето и координатор на ООЦК – Велес: Петре Петрушевски

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den