ЕКСКУРЗИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ЧЕТВРТА ГОДИНА
Во периодот од 29 октомври до 3 ноември 2018 година, се реализираше шестдневната екскурзија за учениците од четврта година нa релација: Будимпешта – Виена – Венеција.
{besps}stories/ucebna2018_2019/ekskurzija1/sliki{/besps}
Прва дестинација која ја посетија учениците беше Будимпешта со разглед на градот: Плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитедалата, црквите Св. Матејас, Св. Стефан и мостовите на Дунав. Прошетката низ Бидимпешта заврши со ноќно крстарење по реката Дунав.
Следниот ден, во претпладневните часови, учениците пристигнаа во Виена и пристапија кон разглед на градот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Градската палата, Дворците Белведере, Шенбурн, Катедралата Св. Стефан. Вечерта во Виена учениците го посетија забавниот парк Пратер и во полноќните часови се упатија кон Верона.
Знаменитостите што ги посетија во Верона се: Арената, Плоштадот Данте, Куќта на Јулија. Попладневните часови учениците со своите класни раководители се упатија кон Лидо Ди Јесоло, каде се сместија во хотел за да се подготват за вечерната забава во дискотека.
Патувањето со брод учениците ги направи уште повозбудени поради пристигнувањето во Венеција и разгледувањето на плоштадот, цркавта Свети Марко, Дуждевата палата, Мостот на воздишките, Мостот Риалто и Каналот Гранде. По слободното време за индивидуална прошетка низ преубавата Венеција и враќање во Лидо Ди Јесоло, следуваше подготовка за вечерната забава.
Наредниот ден, задоволни, среќни и возбудени, се упативме кон родната земја. На возбудувањата овде не им беше крајот. Учениците беа изненадени од агенцијата „Пан-промет Мартин“, којашто им овозможи дополнително да го посетат преубавиот град во Словенија, Љубљана. Воодушевени од прекрасната прошетка низ Љубљана, се упативме кон својата земја.
Екскурзијата се реализираше според претходно планирана програма во најдобар ред. Поставените воспитни и научни цели, беа во целост реализирани. Учениците беа сериозни, одговорни и исполнителни, па сè тоа резултираше со успешно реализирање на екскурзијата, која кај учениците и класните раководители остави пријатни и незаборавни сеќавања.