ЕКСКУРЗИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВА ГОДИНА
На 23 мај 2019 година, со учениците од прва година и класните раководители, беше реализирана еднодневна наставно-научна екскурзија. Истата се изведе на релација: Велес – Кокино – Пелинце – Св. Јоаким Осоговски – Велес.
По успешно реализираните подготовки и големата заинтересираност на учениците, отпочна екскурзијата со поаѓање во утринските часови.
{besps}stories/ucebna2018_2019/ekskurzija_prva_god/sliki{/besps}
Прва дестинација беше археолошкиот локалитет Кокино. На истиот на учениците им беше презентиран историјатот и значењето на локалитетот од стручно лице, дипломиран археолог. По разгледувањето на локалитетот се продолжи и се посети месноста Пелинце. Таму учениците влегоа во зградата која претставува реплика на историската просторија од манастирот Св. Прохор Пчински, каде што било одржано Првото заседание на АСНОМ, во август 1944 година. Учениците видоа како изгледала просторијата каде што се одржало заседанието. Во истата слушнаа кратко предавање за значењето на заседанието на АСНОМ за Македонците и македонската држава.
Следна дестинација беше манастирот Свети Јоаким Осоговски, значаен верски и историски објект од македонската историја. Откако учениците ги разгледаа црквата и манастирскиот комплекс, одморија и во попладневните часови се упатија кон Велес.
Учениците беа среќни, задоволни, исполнети со убави спомени за сеќавање.