ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ ВИЦЕШАМПИОНИ ВО ЕВРОПА

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ ВИЦЕШАМПИОНИ ВО ЕВРОПА

Учениците од I-1 клас од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, Марко Инѓилизов и Викторија Панова, под менторство на нивниот класен раководител професор Марјан Стојановски, како претставници на нашата држава на Европскиот квиз на парите го освоија престижното второ место.

Во конкуренција на финалисти од дваесет и осум европски земји, претставниците на нашата држава, младите велешки гимназијалци Викторија Панова и Марко Инѓилизов станаа европски вицешампиони.

Тимот на Северна Македонија, како еден од победниците на квизот, покрај одликувањето за освоено второ место на европско ниво, од ЕБФ доби и парична награда од 2.000 евра, наменета за СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.

{besps}stories/ucebna2018_2019/vicesampioni/sliki{/besps}

 

Европскиот квиз на парите се одржа од 6 до 7 мај 2019 година во Брисел – Белгија, а покрај претставниците на нашата земја, која е дебитант на ова натпреварување, на финалето на Европскиот квиз на парите годинава учествуваа и тимови на Австрија, Азербејџан, Албанија, Белгија, Германија, Грција, Естонија, Ирска, Италија, Исланд, Летонија, Литванија, Лихтенштајн, Луксембург, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Србија, Унгарија, Финска, Холандија, Хрватска, Чешка, Шведска и Шпанија.

На Европскиот квиз на парите беа опфатени повеќе од 100.000 ученици од дваесет и осум земји учеснички на возраст од 13 до 15 години.

За време на престојот во Брисел, Европската банкарска федерација организираше и едукативни интерактивни игри наменети за учениците, а за време на натпреварувањето имаше и одделен едукативен настан наменет за менторите на националните претставници, на кој беа пренесени бројни идеи за финансиско едуцирање на младите во рамки на наставните и воннаставните активности на училиштата во Европа. На овој настан учествуваа и менторот, професор Марјан Стојановски и претставничката на Македонската банкарска асоцијација, Оливера Ѓорѓиева.

Двајцата ученици, Панова и Инѓилизов, на европското финале учествуваа како претставници на земјава, откако во март годинава остварија најдобри резултати на националниот натпревар, кој го организираше Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и Министерството за образование и наука. На националниот натпревар учествуваа околу 300 нивни врсници, откако претходно преку интерните тестирања во училиштата ја поминаа селекцијата од околу 3000 ученици.

Ментор:

Марјан Стојановски

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den