Крводарителска акција

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Крводарителска акција

На ден 13.4.2018 година во училишната библиотека при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, се реализираше крводарителска акција –дарување на крв од страна на професорите и учениците од нашето училиште. Хуманоста и желбата да се помогне некому е еден од приоритетите на нашите ученици и професори што може да се види и по бројот на дарителитезаинтересирани ученици за дарување на крв.

{besps}stories/ucebna2017_2018/krvod_akc/sliki{/besps}

 

Даруваа учениците од четврта година , но потенцијални дарители за во иднина се и учениците од трета година покажувајќи голем интерес за оваа акција. Вкупно ја даруваа скапоцената течност четириесет ученици , а пријавени беа педесет и еден ученик.

Остануваме најдобри и најхумани и се надеваме дека ќе продолжиме со истото темпо и во иднина.

Одговорни професори: Елизабета Николовска, Петре Петрушевски

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den