ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „ОВА СУМ ЈАС“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „ОВА СУМ ЈАС“

На 19 декември 2018 година, се обидовме холот на нашето училиште да го пресоздадеме во ликовна галерија и ги изложивме делата на младите сликари. Ги доделивме наградите за творбите на литературниот конкурс на странски јазици и благодарниците за ликовниот конкурс и се вклучивме во одбележувањето на Денот на нашето училиште.

{besps}stories/ucebna2018_2019/ovasumjas/sliki{/besps}

 

Учениците кои твореа за ликовниот конкурс беа инспирирани да создаваат на тема: „Ова сум јас“. Ликовните педагози се одзваа на нашата покана и ги поттикнале своите ученици да нурнат во своето битие и да творат. На конкурсот пристигнаа повеќе од 300 успешни ликовни дела, изработени во различни ликовни техники. Директорот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, г. Гоце Алексоски им ги додели благодарниците на следните учесници:

 

Категорија основни училишта: Лилјана Филипова, ООУ „Васил Главинов“, ментор Снежана Стефановска; Христијан Арсов, четврто одделение, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ментор Сузана Павловска; Даниела Коцевска, ООУ „Васил Главинов“, ментор Јасна Мијакова.

 

Категорија средни училишта: Даниела Ризова, Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци, ментор Вано Кеков; Анастасија Ѓорѓиовска, СОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Демир Хисар, ментор Дијана Колонџиска; Милчо Јовановски, СОУ „Јосиф Јосифовски –Свештарот“ – Гевгелија, ментор Драги Хаџи-Николов.

 

Добитниците на наградите од другите градови, за жал, не можеа даприсуствуваат на доделувањето, па благодарниците ќе им бидат доставени попошта.

 

Директорот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, г. Гоце Алексоски, се обрати кон присутните и ја прогласи изложбата за отворена.

 

 

Одговорeн професор, Крсте Шупев

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den