МЕЃУКЛАСНИ И МЕЃУГЕНЕРАЦИСКИ НАТПРЕВАРИ

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

МЕЃУКЛАСНИ И МЕЃУГЕНЕРАЦИСКИ НАТПРЕВАРИ

Секоја иницијатива на учениците за организирана форма на активности која им причинува задоволство и во која се препознаваат, Активот по Спорт ја поддржува и реализира. И оваа учебна година започнавме со реализација на меѓукласните и меѓугенерациските натпревари, првин во кошарка, а во текот на годината и во другите спортски игри. Во одлична атмосфера натпреварите ги одиграа учениците од прва година. Организираноста, фер-плејот, бодрењето, заедништвото, другарувањето беa на завидно ниво, а во интересен и неизвесен финален натпревар, најдобра екипа во конкуренција на екипи од прва година е екипата на I – 3 клас која славеше против екипата на I – 4 клас. Во периодот што следи ќе се одиграат меѓугенерациските натпревари на кои најквалитетните ученици од секоја генерација ќе се обидат да ја одбранат честа на својата генерација, односно да бидат најдобри во нашето училиште. СРЕЌНО НА СИТЕ!

{besps}stories/ucebna2017_2018/mnatprevari/sliki{/besps}

 

 

 

АКТИВ ПО СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den