МИРОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Во периодот од 9.05. до 12.05.2017 година, во огранизација на Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“, во Берово се одржа тренинг-обука „Образование за мир“ на тема ,,Кризен менаџмент – улогата на просветните работници во намалување/трансформирање на тензиите и конфликтите во училиштата” на која учествуваше дел од наставниот кадар од нашата гимназија: педагогот Бранка Донева и професорите Елеонора Игновска , Елизабета Николовска, Филимена Костова и Иљас Мемети.
{besps}stories/ucebna2016_2017/mirovno_obrazovanie/sliki{/besps}
Во текот на овој тренинг истите учествуваа и на обуката од Центарот за обука и консултации „Модус центар“, на тема „Менаџмент на криза“ со работилници за идентификација на криза во секојдневното опркужување (личен и деловен живот), препознавање на личниот пристап кон кризата, позиционирање и ракување со кризата преку ракување со сопствениот стрес.