НАТО-КАРАВАН – УЧИМЕ ЗА НАТО

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

НАТО-КАРАВАН – УЧИМЕ ЗА НАТО

Амбасадорката на Велика Британија во Скопје, Рејчел Галовеј, на 27 септември 2019 година, одржа предавање на едукативниот НАТО-караван во салата на Општина Велес, каде земаа учество и ученици од Гимназијата.

Таа ги запозна учениците со мисијата на НАТО, а воедно пренесе и лични искуства од нејзиниот престој во Авганистан, како и други лични искуства од НАТО-мисиите во светот. Амбасадорката нагласи дека НАТО-караванот е одличен проект за нашата држава како идна 30. членка на НАТО.

Караванот беше во организација од ИНФО-центарот за евроатлантски интеграции и МОСТ.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den