Oдбележување на денот на раѓањето на патронот на нашето училиште, Коста Солев Рацин.

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Oдбележување на денот на раѓањето на патронот на нашето училиште, Коста Солев Рацин.

Промоција на едиции од проектот „Капитални книгоиздателски проекти“ на Владата на Република Македонија.

Гимназијата секогаш со гордост го чествува денот на раѓањето на својот патрон Рацин. Неговото име и дело се длабоко врежани на најзначајните страници на македонската поезија и историја. Тие не задолжуваат никогаш да не ја заборавиме нашата обврска на пригоден начин да му оддадеме почит на големиот поет и револуционер. Во нашето училиште постојано постоело јадро на ученици кои биле заинтересирани за поетското творештво.Тие се вистински и доследни продолжувачи на делото на основоположникот на современата македонска поезија,нивниот патрон Рацин. Преку својата поезија, тие ја упатуваат до нас пораката дека космополитизмот, вткаен во Рациновата поезија, сеуште зрачи со својата инспиративност и претставува мотив за нови поетски изблици. Затоа денот на Рациновото раѓање го збогативме со грст стихови на младите поети од нашата Гимназија.Неговите доследни следбеници прочитаа свои литературни творби инспирирани од ликот на Рацин , од неговата безвременска поезија и од својата љубов кон татковината. Со свои творби настапија учениците: Славица Ацева, Александра Мечкаровска, Петар Андреев, Талија Ѓорѓиева, Дино Јанакиев, Симона Борова и Кире Ацевски. Поезијата на Рацин ги инспирира и композиторите.На стиховите на Рациновата балада „Ленка“ музика напиша познатиот македонски пејач и композитор Зафир Хаџиманов .Истата ја проследивме во изведба на ученикот Кристијан Јорданов,а во музичка придружба на Иван Милевски и вокална придружба на Пале Ѕврцинова и Кире Ацевски. Одбележувањето на овој значаен датум го искористивме за промоција на збогатениот книжен фонд во нашата училишна библиотека. Неколку години наназад под покровителство на Владата на Република Македонија , Министерството за култура и Министерството за образование и наука на Република Македонија го реализира проектот „Капитални книгоиздателски проекти“..

{besps}stories/ucebna2016_2017/racin_2016/sliki{/besps}

 

Со желба на читателите да им се овозможи да се запознаат со најзначајните имиња на македонската и светската белетристика беа издадени повеќе едиции. Прва од низата едиции беше „135 тома македонска книжевност“ во која се поместени дела на најзначајните писатели и најважните периоди во македонската литература.Исто така овозможи превод на делата на сите досегашни добитници на Нобеловата награда за литература и ги издаде во едицијата „Нобеловци.“ Делата на најзначајните писатели во светски рамки ги помести во едицијата „Ѕвезди на светската литература“. Нашата богата национална историја и многувековната борба на македонскиот народ за политичка и социјална слобода е тема на едицијата „Македонски искушенија“. Насловите од своите едиции Министерството за култура на Република Македонија им ги преотстапува на трајно користење на општините, кои пак им ги доделуваат на трајно користење на училишните библиотеки. Благодарение на овој проект Општина Велес имаше можност на нашата библиотека да и преотстапи солиден број на наслови од сите споменати едиции. Одбележувањето на денот на раѓањето на Рацин го одбравме за јавно да се заблагодариме на претставниците на Општина Велес за нивната соработка со училишната библиотека при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“и нивниот ангажман за збогатување на книжниот фонд на истата. Во оваа пригода директорот на нашето училиште г-дин Славчо Давитковски врачи пригодна благодарница која во име на Општина Велес ја прими Општинскиот просветен инспектор г-ѓа Македонка Виларова.

Програмата ја водеа учениците Сандра Танчева и Константин Атанасов.

Координатори на програмата: Стручен актив по Македонски јазик и литература

Реализација : Соња Карбева и Весна Павлова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den