Одбележана годишнина

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Одбележана годишнината од формирањето на партизанските одреди „Димитар Влахов“ и „Трајче Петкановски“

Традиционалната соработка на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и Општинската организација на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија продолжува и оваа учебна година. Нашите ученици беа вклучени во одбележувањето на годишнината од формирањето на партизанскиоте одреди „ Димитар Влахов “ и „Трајче Петкановски“.

 1

Поточно,оваа година, се одбележуваат 74 години од формирањето на партизанскиот одред „ Димитар Влахов“ и 72 години од формирањето на партизанскиот одред „Трајче Петкановски“. На деновите на формирањето на партизанските одреди и нивното значење во поновата историја на Македонија ,преку историско сеќавање, присутните ги потсетија ученичките : Мартина Гаџова и Цветанка Мирова.

Во културно – уметничкиот дел од програмата настапи нашиот ученик Кристијан Јорданов. Тој е достоен следбеник на својот патрон. Младиот поет читаше свои стихови посветени на саканата земја и нејзината историја. Програмата ја водеше ученикот Љубчо Јованов.

Соработката со Општинската организација на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија ќе продолжи и во иднина со цел достојно да се одбележат значајните датуми од нашата национална историја.

Одговорен професор:

Соња Карбева

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den