Отворен ден

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Отворен ден на Гимназијата „Кочо Рацин“

Отворениот ден на училиштето беше можност учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ да ја покажат својата креативност и способност во различни области пред потенцијалните гимназијалци.

{besps}stories/ucebna2015_2016/otvoren_den/sliki{/besps}

 

На 13 мај бевме срдечни домаќини на големиот број посетители што дојдоа во нашиот училишен двор. Учениците од прва до четврта година го покажаа својот талент во областа на: музиката, спортот, ликовно-творечката уметност, литературата, странските јазици, природните и општествените науки.

Тимот од ученици:Антонио Зографски, Марко Крстевски, Бојан Коцев, Дино Јанакиев и Дамјан Кодовски под менторство на професорката Христина Леова изработија и промо – видео преку кои на најсодветен начин и во стилот на младите генерации ја претставија Гимназијата.

Целокупниот настан беше емитуван во живо на програмата на локалното 5 FM радио. Програмата имаше интерактивен карактер при што беше воспоставен директен контакт во живо со наши ученици кои ја истакнаа важноста и можноста на гимназиското образование за проодност кон сите факултети, гледајќи се како идни судии, актери, лекари, спортисти…

Директен контакт на програмата на локалното радио 5 FM имаше и директорот на Гимназијата, м-р Саше Андреевски, кој пред сите посетители и слушатели го истакна учеството на повеќе проекти надвор од нашата земја, преку кои стотина ученици од нашето училиште заедно со нивните професори посетија голем број обуки.

На Отворениот ден на Гимназијата присуствуваа и претставници од повеќе државни и приватни факултети од Републикава. На тој начин ја постигнавме и втората наша цел: да го олесниме патот до изборот на понатамошното образование на годинешнава генерација матуранти.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den