ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКАТА ОПЕРА И БАЛЕТ
На 1 март 2019 година, ученици од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес, во рамките на наставната програма по предметот музичка уметност и во соработка со Македонската опера и балет во Скопје, имаа можност да ја проследат италијанската опера „Турандот“ од Џакомо Пучини, лирична драма во три чина и пет сцени, либрето на Џузепе Адами.
{besps}stories/ucebna2018_2019/opera_balet/sliki{/besps}
Учениците беа воодушевени од сценографијата, костимографијата и одличната изведба. Посетата на оваа јавна и културно-образовна институција беше одлично организирана и реализирана, а учествуваа учениците: Пале Зврцинова, Надица Камчева, Љупче Зафиров, Лука Трајковски, Димче Зврцинов, професор по информатика и Атанас Зафиров, предметен професор по музичка уметност.