ПОСЕТА НА ЦРКВАТА „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
Учениците од IV година од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, во согласност со наставната содржина: „Појава на христијанството“, по предметот филозофија, на 21 ноември 2018 година ја посетија црквата „Св.Кирил и Методиј“.
{besps}stories/ucebna2018_2019/crkva/sliki{/besps}
„Св. Кирил и Методиј“ е соборна црква во состав на Повардарската епархија на Македонската православна црква, која се наоѓа веднаш до Гимназијата, во Младинскиот парк.
Учениците беа пречекани од протојереј ставрофор Горан Панзов, кој со своето предавање во христијански дух, ги запозна со изградбата на црквата, со настанувањето на христијанството, апостолите и личноста, зборовите, делата на Исус Христос, кои се основа на христијанската етика, живот и семејство.
Одговорeн професор, м-р Пале Трпкова