Претставници од Француски културен центар-Скопје на посета во Гимназија ”Кочо Рацин”- Велес

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Претставници од Француски културен центар-Скопје на посета во Гимназија ”Кочо Рацин”- Велес

На ден 11.04.2017 година во просториите на Гимназија Кочо Рацин се одржа презентација од страна на Француски културен центар – Скопје.

Целта на оваа посета од страна на Француски културен центар е учениците поблиску да се запознаат со бенефитите од познавањето и изучувањето на францускиот јазик и француската култура.

Акцентот беше ставен за студиите во Франција , пристапи и начини за полесно информирање на младите,за можноста да студираат во некој од француските градови.

{besps}stories/ucebna2016_2017/FKC/sliki{/besps}

 

Исто така беше потенцирано и значењето на ДЕЛФ/ДАЛФ дипломите кои што францускиот културен центар ги издава а истите се меѓународно признати со неограничен лимит на траење.

Радува и фактот што заинтересираност за изучување на францускиот јазик покажаа и учениците од основните училишта кои што исто така беа присутни на презентациите.

Искрено се надеваме дека традицијата за изучување и континуирано усовршување на францускиот јазик ќе продолжи и во иднина.

Одговорни професори

Љубица Темелковска

Билјана Миланова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den