Рацинови средби

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ГИМНАЗИЈАТА ВО СОРАБОТКА СО ОПШТИНА ВЕЛЕС УЧЕСНИК НА 52-ТЕ РАЦИНОВИ СРЕДБИ

СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, која со гордост го носи името на својот Патрон, и оваа година се вклучи во одбележувањето на 52 Рацинови средби со следните активности.

{besps}stories/ucebna2014_2015/racinovi_sredbi/sliki{/besps}

 

Чествувањето започна со положување цвеќе на споменикот на Рацин пред Гимназијата и продолжи со отворање на споменикот „Музата на Рацин“ во училишниот хол на Гимназијата. Настанот беше збогатен со интерпретација на стихови од љубовната поезија на Кочо Рацин во изведба на ученици од рецитаторската секција од нашата Гимназија.

Во духот на чествувањето на ликот и делото на Рацин, а во соработка со општина Велес беше распишан литературен и рецитаторски конкурс.

Првата награда на литературниот конкурс и припадна на ученичката Тања Славева од СОУ „Гиманзија Кочо Рацин“ – Велес.

Втората награда жири комисијата и ја додели на ученичката Викторија Лапевска од ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово.

Третата награда ја понесе ученичката Ивана Карова од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани

Пофалени беа учениците Ирена Христова од „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес и Симона Паскоска од „Гимназија Мирче Ацев“ – Прилеп.

Младите рецитатори се претставија пред публиката на пригодна свеченост која се одржа на 11 Јуни 2015 година со рецитирање на песната „Татунчо“. Жири комисијата во состав: Васил Зафирчев, Слободанка Чичевска и Зоран Љутков, го проследи нивниот настап и го соопшти своето решение.

Првата награда му ја додели на Стефан Николовски, претставник од СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ Велес.

Втората награда и припадна на ученичката Теодора Атанасова, од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија;

Со трета награда го награди ученикот Константин Атанасов од „Гимназијата Кочо Рацин“ од Велес.

Нашите ученици беа вклучени во уметночкиот перфоманс – Процесија „1000 свеќи за Рацин“ кој започна во Спомен куќата на Рацин, а заврши на Спомен Костурница.

На 13 Јуни 2014 година, традиционалната посета на местото на погибијата на поетот и револуционер Рацин, достојно го заокруживме чествувањето на животот и делото на младиот поет и револуционер.

Делегација на професори и ученици секоја година го посетува Лопушник и во пазувите на убавата планина му оддава почит на својот патрон. Оваа година честа да му оддадат должна почит му припадна на Гроздан Вчков, професор по историја од Гимназијата Кочо Рацин и претставници од општина Велес.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den