“СТОП за загадувањето – Save the Planet”

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

“СТОП за загадувањето – Save the Planet”

На 20 септември (петок) 2019 година нашата Гимназија традиционално и оваа година го одбележа „Светскиот ден на мирот“ со Парадата на мирот. Овогодинешното мото на парадата беше: “СТОП за загадувањето – Save the Planet” . Овој настан како и секоја година беше реализиран со поддршка од Првата детска амбасада во светот – Меѓаши.

{besps}stories/ucebna2019_2020/save_the_planet/sliki{/besps}

 

На парадата учениците од нашата Гимназија заедно со нивните наставници парадираа низ градот, тргнувајќи од училишниот двор со бројни пароли испраќајки ја пораката „СТОП за загадувањето – Save the Planet”. Парадата и оваа година беше поддржана од децата од градинките, ученици од другите училишта од градот и секако случајните минувачи. Се надеваме дека пораките кои ги испратија почитувачите на овој настан ќе ја подигнат свеста кај луѓето и ќе придонесат во заштитата на нашата планета Земја.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den