СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ ВО КОШАРКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА УЧИЛИШТЕТО

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ ВО КОШАРКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА УЧИЛИШТЕТО

Активот по спорт го одбележа Денот на училиштето со низа на активности во форма на одржување на пријателски натпревари во кошарка со училишта од други општини од Републиката.

Одбележувањето започна на 21.XI 2017 година со одигрување на пријателски натпревар во кошарка машка и женска конкуренција со екипата на Гимназијата „Јосиф Јосифовски од Гевгелија. Натпреварите се одиграа во спортските сали во нашата Гимназија и ООУ „Блаже Конески“ – Велес.

{besps}stories/ucebna2017_2018/sport_akt/sliki{/besps}

 

Традиционалната соработка помеѓу активите по Спорт од двете училишта ја негуваме подолг период, со цел да ја издигнеме на што е можно повисоко ниво, а успешноста ја мериме преку пофалните зборови и задоволните лица на учениците и нашите колеги. Основниот мотив кој не води во овие средби е дружењето помеѓу учениците, меѓусебната соработка во разни форми, а спортскиот резултат има секундарно значење. Спортските натпревари во кошарка се одржаа под менторство на професорите по Спорт и спортски активности во нашата Гимназија. Учениците покрај тоа што стекнаа натпреварувачко искуство, се здобија и со нови пријателства и желба за повторно натпреварување.

Одговорни професори:

Актив по спорт и спортски активности

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den