Спроведена еколошка акција на тема „Разубавување на нашата Еко – училница со цветни насади“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Спроведена еколошка акција на тема „Разубавување на нашата Еко – училница со цветни насади“

Како посветени поддржувачи на ,,Целите на одржливиот развој“, Фондацијата за еколошка едукација објави дека на 20 Април 2018 година во Р. Македонија по седми пат ќе се одржи претстојниот ,,Светски ден на акција“. Еколошката акција се одржа во сите училишта и градинки на меѓународно ниво, а под координација на Здружението на граѓани ОХО.

{besps}stories/ucebna2017_2018/cvet_nasad/sliki{/besps}

 

Оваа акција се спроведува во соработка со МОН и истата е дел од Програмата ,,Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем“.

 

Нашето училиште заедно со учениците и професорите учествуваше во реализација на акцијата со посадување на садници во нашата Еко-училница под името ,,Разубавување на нашата Еко-училница со цветни насади“ . Цветните насади беа добиени од страна на јавното комунално претприатие ,,Дервен“.

 

Се надеваме на успешни акции и во иднина со цел да ја подигнеме свеста кај нашите ученици за одржување на чиста околина, како и разубавување на истата со позитивни примери од секојдневието. Со овие акции ќе продолжиме и во иднина со цел да се задржи и добие зеленото знаме .

 

Одговорни професори: Елизабета НИколовска, Силвана Печкова

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den