Свечена академија по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Свечена академија по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Во чест на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, св.Кирил и Методиј, Општина Велес, секоја година доделува признанија за најталентирани ученици и најдобри просветни работници од основните и средните училишта кои постигнале исклучителни резултати во текот на својата педагошка дејност. По тој повод во салата „Бели мугри“ се одржа Свечена академија на која се доделија награди за 2019 година.

Комисијата од Општина Велес, за доделување на признанието, Најталентирани ученици од средните училишта, оваа година, им ја додели оваа почесна награда, на учениците од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Марко Инѓилизов и Викторија Панова. Тие во текот на нивното образование, успешно реализираа многу активности, проекти, натпревари, квизови, едукативни семинари и обуки, за кои се здобија со награди, признанија и сертификати.

{besps}stories/ucebna2018_2019/najtalentirani/sliki{/besps}

 

Марко Инѓилизов e ученик од I/1 клас.Тој во текот на неговото образование се стекнал со следниве награди:

– Три трети и една втора награди на натпреварот Кенгур;

– Сребрен медал на натпреварот по предметот географија;

– Сребрен медал на натпреварот по предметот географија;

– Втора награда по предметот физика;

– Трета награда на натпреварот по предметот хемија;

– Прво место на натпреварот по предметот македонски јазик;

– Трето место за есеј по предметот македонски јазик и литература;

– Прво место на национално ниво, за Европски квиз на пари;

– Второ место на Европско ниво за Европски квиз на пари;

– Преку дваесет награди на литературни конкурси, проза и поезија;

– Учество на дебати, панел дискусии и трибини.

 

Викторија Панова е исто така ученичка од I/1 клас.Таа во текот на нејзиното образование се стекнала со следниве награди:

– Учество на натпреварот по фотографија во ССОУ „Коле Неделковски“- Велес;

– World scholars cup, четири сребрени медали;

– Прво место на Националниот натпревар по Европски квиз на пари;

– Второ место на Европско ниво за Европски квиз на пари;

– Второ место за фото сторија на натпреварот организиран од „Медиум. МК“ и поддржан од Британската амбасада.

Директорот на Гимназијата „Кочо Рацин“, г-дин Гоце Алексоски, педагошко- психолошката служба и Наставничкиот колегиум се гордеат со своите најталентирани ученици, им честитаат за добиените признанија и награди и им посакуваат уште многу успеси во нивниот понатамошен живот.

Одговорeн професор:

Магдалена Сарагинова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den